( 1 + 1 ) PREMAMA DUO 30 таблети + 30 капсули

1.270 ден

Нема на залиха

ПреМама Дуо е додаток во исхраната што содржи витамини, минерали и омега 3 масни киселини (DHA и EPA).

Нема на залиха

Опис

ПреМама Дуо е додаток во исхраната што содржи витамини, минерали и омега 3 масни киселини (DHA и EPA). Производот претставува посебна формулација што му помага на Вашето тело да се подготви за бременост и да ги задоволи зголемените потреби од микрохранливи состојки во текот на бременоста и во текот на доењето.

СОСТАВ: ПреМама Дуо е додаток во исхраната што содржи витамини, минерали и омега 3 масни киселини (DHA и EPA),  збогатено со фолна киселина, поделени во таблети и во капсули. Секоја таблета се состои од 11 витамини и од 10 минерали, а капсулите се богати со омега 3 масни киселини.

Фолната киселина е особена важна за жените кои планираат бременост и за бремените жени, со оглед на тоа што ниските нивоа на фолна киселина се сериозен фактор на ризик за развој на оштетувања на невралната туба на фетусот. Невралната туба го формира мозокот на бебето и ’рбетниот мозок, што е од особена важност за целиот нервен систем. 2 Се препорачува да се зема 400 mсg фолна киселина пред зачнување и во текот на првите 12 недели од бременоста.

Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциумот и на фосфорот во телото и, исто така, го одржува потребното ниво на калциум во крвта, важно за здрави заби и коски. 2 Се препорачува бремените жени да внесуваат 10 mcg витамин Д дневно за да одржат соодветни нивоа на витамин Д во текот на бременоста и на доењето, што е важно како за мајката така и за бебето. Ова е особено важно за жените кои не излегуваат многу и подолго време поминуваат во затворен простор.

Јодот помага при создавање на хормоните на тироидната жлезда и го поддржува нејзиното функционирање. Важен е за развој на здрав мозок и нервен систем во текот на гестацискиот период и во раниот период од животот на новороденчето. Потребите за јод се зголемуваат во текот на бременоста и на доењето. Поради тоа, важно е бремените жени и доилките да внесуваат јод во соодветни количини, што лесно се врши преку земање додатоци во исхраната како ПреМама Дуо.

Железото придонесува за формирање на црвените крвни клетки и е битно за транспортот на кислородот во телото, а помага и за одржување нормален метаболизам, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Надоместувањето на железото е корисно за заштита од анемија, која е вообичаена за бремените жени.

Витаминот Ц е важен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и придонесува за апсорпција на железото во телото. Тој помага за намалување на симптомите на замор и на исцрпеност, кои жените обично ги чувствуваат во текот на бременоста или на доењето.

DHA е многу важна состојка на ПреМама Дуо бидејќи научно е докажано дека количината од 200 mg докосахексаеноична киселина што мајката ја прима дневно придонесува за нормален развој на мозокот и на очите на фетусот и на доенчето.За да внесат доволни количини DHA, се советува бремените жени и доилките да консумираат помрсна риба, како лосос, пастрмка, сардина или скуша, или едноставно оваа состојка во доволни количини да ја внесат преку додаток во исхраната, како ПреМама Дуо