Опис
Хидратантно млеко за тело наменето за употреба по изложување на сонце. Содржи алое вера, масло од авокадо, невен (calendula) и витамини кои помагаат да се смири и нахрани кожата. Ја хидрира кожата која е исушена од сонце, го намалува чувството на затегнатост и непријатност по сончање, помага во обновување на природната заштитна бариера на кожата ја остава кожата помека, посвежа и помазна. Нанесете на чиста кожа по сончање. Ако кожата е многу сува или дехидрирана, може да се нанесува 2–3 пати дневно. Наменето за сите типови кожа, особено за кожа која е сува, црвенкаста или чувствителна по изложување на сонце.
Состојки:
- Алое Вера – смирува и хидрира.
- Масло од авокадо – ја храни кожата.
- Невен (Calendula) – има смирувачко дејство.
- Пантенол (провитамин Б5) и витамини – помагаат во регенерација и задржување на влагата.






