1. Политика за поврат на средства

 

Аптеката  „Елена фарм” ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата со платежни картички преку веб продавницата https://Elenafarm.mk/, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Писменото барање, заедно со Трансакциска сметка на купувачот треба да се достават на следната е-маил адреса: info@elenafarm.mk

Повратот на средства ќе биде извршен во период од 5 работни дена по достава на целосно писмено барање.

  1. Политика За Достава На Производи

Испораката се наплаќа во зависност од направената нарачка. Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката изнесува 150 денари.

Испораката на производите се врши до влезот на станбениот обіект.

Купуваьето преку нашата интернет страница може да се реализира од било која локација и испораката се спроведува во целата држава Р.С.Македонија.

Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.

Производот што ке биде порачан може да плати електронски со картичка, и при достава на курирот.

  1. Услови За Користење

Условите за користење и продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. Elenafarm.mk го задржува правото да не испорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и / или неточни информации.

Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година)

„Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.