REVALID – STIMULATING SHAMPOO 200ML

995 ден

Нема на залиха

Revalid шампонот за стимулација на раст содржи Redensyl, иновативна состојка која докажано ги обновува клетките во фоликулите одговорни за раст на косата.

Нема на залиха

Шифра: 1426342 Категории: , Ознаки: ,

Опис

Revalid шампонот за стимулација на раст содржи Redensyl, иновативна состојка која докажано ги обновува клетките во фоликулите одговорни за раст на косата. Составена е од две патентирани молекули – DHQG, добиени од екстракт од ариш и EGCG2, кои се наоѓаат во листовите на зелениот чај – во комбинација со цинк и амино киселината глицин. Екстрактот од швајцарска Artemisia и пантенолот чистат нежно, додека ја хидрираат и зајакнуваат Вашата коса. Revalid шампонот за стимулација на растот обезбедува оптимална грижа и ја подготвува косата за третман против опаѓање со Revalid® серумот за раст. Без парабени, сулфати и силикон.

Ставете мала количина на Revalid® шампонот за стимулација на дланката. Од шампонот со вода направете малку пена. Полека нанесете на влажна коса и со прстите масирајте го скалпот. Оставете шампонот да отстои околу шеесетина секунди. Исплакнете обилно. Повторете доколку е потребно. Завршете го третманот против опаѓање на коса со Revalid® серумот за раст .

REDENSYL®
Redensyl® е патентирана, активна состојка од областа на регенеративното медициско истражување. Синергетското дејство на патентираните молекули е развиено да ги поддржи ORSc и кожните папиларни клетки во фазата на иницијација на растот на косата. За Redensyl® е научно докажано дека го стимулира растот на косата истовремено спречувајќи го опаѓањето на истата.

ЕКСТРАКТ ОД АРТЕМИЗИЈА ОД ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ
Артемизија е растение познато по своите природни антиоксидантни својства. Традиционално се употребува од фармерите на Алпите како домашен лек против треска, кашлица, па дури и пневмонија, овде служи за заштита на кожата и обновување на балансот на скалпот.

AJIDEW
Ajidew делува како природен навлажнувач кој ја прави косата полесна за обликување и ја намалува наелектризираноста.

ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат распуканите врвови и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата.

TOCOPHERYL NICOTINATE (витамин  E)
Tocopheryl nicotinate или витамин Е е природен антиоксидант познат по своите навлажнувачки својства.