Опис
Мултинаменска регенеративна крема со моментално смирувачко дејство, наменета за брзо епидермално обновување и одржување на рамнотежата на микробиомот на кожата. Погодна е за лице, усни, тело и интимна регија, за сите типови кожа.
Помага при иритации, гребнатини, површински оштетувања, црвенило, пеленски осип, триење, благи изгореници од сонце, чешање по убоди од инсекти и иритации по депилација. Погодна е и за нега на кожата по површински дерматолошки процедури, како ласерски третмани, пилинг и лесна дермабразија, како и за нега на заздравени тетоважи.
Формулата комбинира хијалуронска киселина, ниацинамид, морски постбиотик, дериват од куркума и полисахариди за хидратација, смирување, регенерација и поддршка на кожната бариера и микробиомот. Ја штити и смирува кожата без да остава масни или лепливи траги.
Погодна е за сите возрасти, вклучително и бебиња од неонатален период. Погоден за употреба за време на бременост и доење. Дерматолошки, педијатриски и гинеколошки тестиран. Некомедоген. Тестиран за ендокрино-нарушувачки супстанции.
Начин на употреба: Нанесете на чиста и сува кожа, еднаш до двапати дневно, во тенок или подебел слој според потребите, до целосно регенерирање на кожата. За интензивна нега, нанесете подебел слој како SOS маска, оставете неколку минути и нежно масирајте до целосна апсорпција. Само за надворешна употреба.






