SVR SEBIACLEAR HYDRA 40ml

1.110 ден

2 на залиха

2 на залиха

Категории: , Ознака: Brands:

Опис

Регенеративен и смирувачки крем, наменет за масна кожа склона кон акни со нарушена и дехидрирана кожна бариера, особено по медицински или хемиски третмани. Помага во намалување на црвенилото, иритацијата, перутањето и појавата на постинфламаторни хиперпигментации од акни, истовремено подобрувајќи ја текстурата и хидратацијата на кожата.

Формулата со 5% ниацинамид, церамиди, пребиотски шеќер и хијалуронска киселина ја смирува иритираната кожа, ја обновува и зајакнува заштитната бариера, го поддржува микробиомот и обезбедува долготрајна хидратација. Немасната и нелеплива текстура. Може да се користи како подлога за шминка. Наменет за деца над 10 години, возрасни, за време на бременост и доење.

Физиолошка pH вредност, хипоалерген, некомедоген со 90% состојки од природно потекло. Дерматолошки тестиран. Тестиран за ендокрино-нарушувачки супстанции.

Начин на употреба: Нанесете на чиста кожа наутро и/или навечер. За дополнителна нега на кожата, се препорачува комбинирана употреба со SEBIACLEAR пенест гел.