Опис
The Ordinary Lactic Acid 5% + HA
Млечната киселина е алфа-хидрокси киселина која има функција да ја ексфолира кожата. Формулацијата од пет проценти обезбедува нежна ексфолијација, содржи и прочистена тасманска јагода која ги намалува знаците на воспаление и чувствителност често поврзани со употреба на киселини. Бојата на дериватот на тасманска јагода може да варира зависно од сезоната.
Употреба: Се нанесува еднаш дневно, идеално навечер.
Може да се разреди со други третмани за да се намали ефектот, додека кожата не постигне толеранција. Ако се појавува иритација, прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар. Користете заштитен фактор, заштитете ја третираната површина со облека и ограничете ја изложеноста на сонце додека го користите овој производ, како и една недела по употреба. Не се препорачува употреба кај чувствителна и иритирана кожа.