Опис
Смирувачки шампон против чешање и создавање на плаки на скалпот.
Стимулира елиминација на сувите плаки и спречува нивно повторно појавување, како резултат на комбинираното дејство на салицилна киселина и хидролат, силни кератолитички агенси. Nodé K шампонот е збогатен со смирувачки агенс – форсколин и зантален екстракт кој го смирува чешањето. Природниот D.A.F комплекс го зголемува прагот на толеранција. Ја прави косата сјајна, еластична и погуста.
Употреба: Нанесете од Nodé K на влажна коса и нежно масирајте. Исплакнете и повторете ја постапката, оставете да делува 5 минути а потоа добро измијте. Избегнувајте контакт со очите.
Интензивен третман (3 недели): миење на косата 3 пати неделно.
Третман на одржување: еднаш или два пати неделно.
Се препорачува наизменично миење на косата со Node Fluid шампон без детергенти.
Не се користи кај деца помали од 3 години, кај трудници или доилки.