Опис
CURAPROX Perio plus balance течност за испирање на уста содржи 0,05% хлорхексидин (CHX) и Citrox®. Хлорхексидинот ефикасно го спречува создавањето на забните наслаги, додека Citrox® докажано го зголемува ефектот на хлорхексидинот, со пријатен вкус и не влијае врз сетилото за вкус.
Citrox® е природен екстракт од девет природни биофлавоноиди од горчлив портокал. Биофлавоноидите имаат широк и моќен антибактериски ефект. Потполно е природен и нема несакани ефекти. Citrox® во комбинација со хлорхексидин има поголема ефикасност отколку хлорхексидинот поединечно.
CURAPROX Perio plus balance течност за испирање на уста не содржи алкохол и не ја суши оралната слузокожа. Погодна е за долготрајна употреба (до 6 месеци).
Ефикасна е кај лица со зголемен ризик од заболувања на забите и непцата. Идеална е за употреба кај лица со фиксни ортодонтски апарати и кај лица со сува уста.