Опис
Масло за сончање за лице и тело кое помага да добиете подлабок, поинтензивен и рамномерен тен, додека истовремено обезбедува SPF10 UVA/UVB заштита. Има свиленкаста, нелеплива текстура и остава златест сјај на кожата. Поттикнува побрзо и поинтензивно потемнување на кожата, дава природен бронзен сјај, ја храни и омекнува кожата, водоотпорна формула, не остава тежок или мрсен слој. Има препознатлив ванила-кокос Aegean Bronze мирис, инспириран од лето и плажа. Корисници често го опишуваат како топол, сончев и „summer vacation“ мирис. Протресете пред употреба, нанесете рамномерно на лице и тело околу 30 минути пред сончање, повторно нанесувајте по пливање, потење или бришење со пешкир, не се прска директно на лице — прво нанесете на дланките, па потоа на лицето.
Состав:
- Carob Oil (масло од рогач) – помага за поубав и подлабок тен.
- Органско масло од морков – богато со бета-каротен за природен бронзен изглед.
- Кокосово масло – храни и омекнува.
- Арганово масло – ја одржува кожата еластична и хидрирана.
- Витамин Е – антиоксидантна заштита за кожата.






