Опис
Крема за лице против купероза.
Ефикасна формула против враќање на црвенилото наменета за чувствителна, нежна кожа, склона кон купероза и црвенило. Интензивен концентрат кој комбинира три активни супстанци за намалување на црвенилото со тоа што делува на самиот извор и спречува повторно појавување. Не содржи конзерванси, парабени, алкохол, парфеми и бои, спакувано во херметичко пакување.
Амбофенол – моќен растителен екстракт со висока содржина на полифеноли што ги стеснува крвните садови и ги зајакнува нивните ѕидови.
Неуросензин како негувателна активна супстанца ја намалува појавата на црвенило.
Термална вода делува против иритација и ги чисти запушените пори.