Опис
Измазнувачки и прочистувачки лосион за комбинирана и масна кожа склона кон неправилности, кој ја подготвува кожата за понатамошна нега. Комбинацијата од две ексфолирачки киселини делува на несовршеностите и хиперпигментациите, помагајќи во измазнување на текстурата и изедначување на тенот без иритација на кожата.
Формулата со 1% цинк, 4% ниацинамид и комбинација од 2% лактобионска и 0.5% салицилна киселина помага во регулирање на вишокот себум, прочистување на порите, намалување на неправилностите и спречување на појава на нови. Воедно, ја смирува и освежува кожата, оставајќи пријатно чувство на свежина.
Погоден за деца над 10 години, возрасни, за време на бременост и доење. Содржи 90% состојки од природно потекло. Некомедоген. Физиолошка pH вредност. Има добра околуочна толеранција. Тестиран за ендокрино-нарушувачки супстанции.
Начин на употреба: Нанесете наутро и/или навечер на целото лице со памучен тупфер, со посебно внимание на областите со акни и хиперпигментации. Може да се нанесе и со нежно тапкање со дланките. За дополнителна нега на кожата, се препорачува комбинирана употреба на SEBIACLEAR пенест гел и хидратантен крем со заштитен фактор, кој се нанесува во текот на денот.






