SVR XERIAL 30 Гел – крем 75ml

1.090 ден

2 на залиха

2 на залиха

Категории: , Ознака: Brands:

Опис

Концентриран гел крем со 30% уреа, за сува, многу сува, груба и хиперкератотична кожа, локални задебелувања, сквами и враснати влакна. Погоден е и кај Keratosis pilaris („кокошкина кожа“), псоријаза, xerosis и callus, особено на лактите, колената и рацете. Помага во намалување на чешањето и ја подобрува текстурата на кожата.

Патентираната Pure Urea 2 технологија, со уреа и ензимски комплекс, ја намалува хиперкератинизацијата и ја стимулира физиолошката десквамација, обезбедувајќи интензивна хидратација до 48 часа. Алантоинот и пантенолот ја смируваат и хидрираат кожата, додека аквапорините придонесуваат за одржување на нејзината хидратација. Со редовна употреба, кожата станува помека и помазна, а појавата на враснати влакна се намалува.

Брзо се апсорбира и е без мирис. Клинички тестиран на чувствителна, сува и многу сува кожа. Погоден за деца над 10 години, возрасни, за време на бременост и доење. Тестиран за ендокрино-нарушувачки супстанции.

Начин на употреба: Се нанесува 1–2 пати дневно на чиста и сува кожа, особено на деловите со изразена сувост, грубост и задебелување.