Опис
Интензивен шампон против првут
Чисти и елиминира првут. Благодарение на биолошкиот патентиран DSactive® комплекс, ја намалува пролиферацијата на габата Malassezia која е предизвикувач на првутот. Спречува повторно појавување на првут преку намалување на секрецијата на себум, кој пак го стимулира развојот на габата. Збогатен со смирувачки агенси, Nodé DS+ го елиминира чешањето на косата моментално и долготрајно. Природниот D.A.F комплекс го зголемува прагот на толеранција. Парфимиран.
Употреба: Нанесете од Nodé DS+ на влажна коса и нежно масирајте. Исплакнете и повторете ја постапката, оставете да делува 5 минути а потоа добро измијте. Избегнувајте контакт со очите.
Интензивен третман (3 недели): миење на косата 3 пати неделно.
Третман на одржување: еднаш или два пати неделно. Се препорачува наизменично миење на косата со Node Fluid шампон без детергенти. Не се користи кај деца помали од 3 години, кај трудници или доилки.