Опис
Интензивен осветлувачки концентрат против пигментации на лицето
Интензивно намалува продукција на меланин. Овозможува нежен пилинг ефект благодарение на овошните киселини AHA и BHA, и помага за клеточно обновување. Овозможува антиоксидативно дејство за да ја заштити кожата од раните знаци на стареење. Ја зајакнува кожата и овозможува долготрајна хидратација до 8часа.
Употреба: Иновативно пакување кое овозможува активирање на витамин Ц при првата употреба. Ефикасноста на витамин Ц се оптимизира, кога е во чиста и активна форма. За да се искористи неговата целосна моќ, спакуван е во посебен канистер заштитен од воздух и светлина.
1.Притиснете го специјалниот канистер за да се активира чист витамин Ц.
2.Отстранете го капачето и навртете ја пипетата.
3.Протресете го пакувањето 10 секунди, за да се измешаат состојките и подгответе се да блеснете.
Користете во комбинација со дерматолошка терапија, после терапија или како монотерапија. Секоја вечер. 5 капки на лицето и вратот од 1 до 4 месеци.