Опис
Инсект-репелент спреј Black up
Спрејот Black up против убоди од инсекти е погоден за целото семејство.
Содржи активна компонента која ги одбива инсектите, односно ги спречува да се приближат до кожата на човекот, а со тоа ги спречува убодите.
Заштитата од убодите на инсектите трае подолго време, од 4 до 6 часа. Производот во својот состав содржи и екстракт од алое вера сертифициран со ECOCERT-стандард, кој ѝ дава влажност и мекост на кожата, па по употребата таа останува нежна и мека.
Спрејот Black up против убоди од инсекти се употребува на тој начин што рамномерно се распрскува на изложените делови на кожата, избегнувајќи ги местата околу очите и устата. Постапката се повторува по потреба, приближно на 4-6 часа. По нанесувањето спрејот не остава мрсни дамки на облеката.