Опис
CURAPROX CS 5460 ultra soft
CURAPROX CS 5460 ultra soft четката за заби сега е достапна во лимитирано тројно пакување – Picnic Edition.Четката за заби CS 5460 “ultra soft” е исклучително мека и ефикасна при отстранување на забните наслаги, и околу работ на непцето. Со нежно четкање и употреба на минимален притисок,четката го задржува својот облик и цврстина, а благодарение на малата и компактна глава ги чисти и тешко достапните места во устата.
Содржи 5460 ultra меки CUREN® влакна со дијаметар од 0,1 mm. Четката има осумаголна дршка која овозможува едноставно држење и поставување на влакната под агол од 45 степени при четкањето.
Специјалното пакување на четките за заби CS 5460 е изработено со атрактивни транспарентни рачки и влакна.
Предности на четката за заби CURAPROX CS 5460:
– 5460 ultra меки CUREN® влакна
– мала компактна глава
– осумаголна дршка за лесно држење