SVR SEBIACLEAR Серум 30ml

1.594 ден

2 на залиха

2 на залиха

Категории: , Ознака: Brands:

Опис

Ултра лесен антиоксидативен серум наменет за комбинирана и масна кожа склона кон неправилности, вклучително и чувствителна кожа. Помага во намалување на појава на акни, лузни и дамки од акни, го регулира лачењето на себум и придонесува за визуелно намалување на порите. Воедно, ја измазнува текстурата на кожата и ја намалува појавата на фини линии и брчки.

Формулата со 14% глуконолактон, 4% ниацинамид и хијалуронска киселина обезбедува нежна ексфолијација, хидратација и подобрување на изгледот и текстурата на кожата. Антиоксидативниот комплекс ја штити кожата од надворешни агресивни фактори и придонесува за намалување на повторна појава на неправилности. Серумот ја хидрира и измазнува кожата до 8 часа и претставува одлична подлога за шминка.

Погоден за деца над 10 години и возрасни, за време на бременост и доење .Хипоалерген, некомедоген и дерматолошки тестиран. Погоден за лице, врат и деколте. Тестиран за ендокрино-нарушувачки супстанции.

Начин на употреба: Протресете го шишето пред употреба. Нанесете наутро и/или навечер на чиста кожа. Може да се користи самостојно или во комбинација со хидратантен крем. За дополнителна нега на кожата, се препорачува комбинирана употреба со SEBIACLEAR пенест гел.