Опис
Богат крем за интензивна нега на кожата.
Хранлив и хидратантен крем за нега на чувствителна и сува бебешка и детска кожа на телото со невен. Штити, смирува и дава пријатно чувство. Содржи ланолин и спречува сушење на кожата. Без вештачки бои, мириси, конзерванси и состојки од минерални масла. Дерматолошки тестирана и сертифицирана нега дури и за најчувствителната кожа.
Употреба: Нанесете на целото тело, наменето за употреба од првиот ден од раѓањето. Погодно е за дневна нега во пределот на пелената доколку нема воспалителни процеси.
Состојки: Вода, масло од сладок бадем, ланолин, сусамово масло, каолин, алкохол**, хидролизиран пчелин восок, глицерол линолеат, силициум диоксид, екстракт од цвет од невен, екстракт од цвет од камилица, природен мирис*, лимонен*, линалоол*, гераниол*, цитрал*.
*од природни есенцијални масла
**Алкохол од природно потекло што се користи во процесот на екстракција на билни екстракти, кои се активни состојки во природните и органски производи на Weleda. Овој алкохол се добива со ферментација на органски одгледувани зрна, со што се елиминира потребата од синтетички конзерванси. Количината на алкохол е регулирана и ја штити кожата од сушење.






