MEDELA SOLO

13.000 ден

1 на залиха

Единечна електрична пумпа за измолзување 

1 на залиха

Шифра: 1428126 Категории: , Ознаки: , , , ,

Опис

Единечна електрична пумпа за измолзување 

Лесна и без мака.
Solo има девет однапред програмирани програми кои можете да ги изберете и контролирате со
помош на четири копчиња кои се лесни за употреба. Изградена со помалку делови, електричната
пумпа за гради Solo се склопува многу лесно и чистењето и е едноставно.
Технологијата на Двофазното измолзување.
За време на доењето, бебињата започнуваат со брзо цицање за да го стимулираат рефлексот на
исфрлање на млекото. Штом млекото ќе почне да тече, бебињата се менуваат во побавен,
индивидуален ритам за навистина да се нахранат. Технологијата 2-Phase Expression® на Medela го
имитира природниот ритам на цицање на бебето – прва фаза на брзо измозлување за да го
стимулира протокот на млеко, а потоа втора побавна фаза за да обезбеди оптимален проток на
млеко.
PersonalFit Flex- Инки за гради.
Инката за гради PersonalFit Flex со агол на отворање од 105 степени, мек раб и овална форма за
подобро вклопување на секоја града, врши помал притисок врз вашите млечни канали од
традиционалните инки за гради, и дава резултати на поефикасно и поудобно искуство на
измолзување. Повеќе удобност за вас, до 11,8% повеќе млеко за вашето бебе- клинички
докажано.
Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема достапна струја
Со најсовремениот USB C конектор, вградена батерија се полни многу побрзо во споредба со
приклучокот за микро USB, и која трае до шест сесии на измолзување кога е целосно наполнета.
Затворен систем кој спречува мајчиното млеко да навлезе во цевката, да се прелее и да истече во
механизмот на пумпата. Ова помага да се осигурате дека вашето измолзено млеко останува

безбедно и чисто, но и дека компонентите на вашата пумпа се заштитени од потенцијално
оштетување.
Solo, е новата генерација пумпи за гради и подобрена верзија на семејството на пумпи за гради
Swing од Medela, создадена за мајките кои дојат, кои бараат удобност и практичност во својот
живот.
• Технологијата 2-Phase Expression® го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;
• PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко.
• Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на
измолзување со едно целосно полнење на батеријата;
• Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-
USB;
• Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;
• Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката;