Опис
Крема за превенција од појава на стрии – делува во спречување и ограничување на појавата на стрии. Клинички докажано ја хидрира кожата и го смирува пецкањето на кожата. Со пријатна текстура која лесно се впива, оваа крема не масти и не се лепи на облеката.
Состав: Екстракт од масло од маракуја ја зајакнува еластичноста на кожата и ја прави мека и нежна. Масло од органски одгледано Avocado Perseose® кое содржи висока концентрација есенцијални масни киселини кои помагаат во обновувањето и одржувањето на хидролипидниот филм кој е ослабен во тек на бременоста. Пептиди од авокадо кои ја јакнат хидролипидната бариера, ја хидрираат и смируваат кожата.
Начин на употреба: Се нанесува наутро и навечер уште од првиот месец од бременоста (на стомакот, бутините, задникот и градите), како и во тек на периодот на доење (без да се нанесува на градите), да не се нанесува на ожилакот од царски рез.