SVR TOPIALYSE Балзам за туширање 400ml

1.153 ден

2 на залиха

2 на залиха

Опис

Нежен балзам за туширање наменет за многу сува и кожа склона кон атопија, кој ефикасно ја чисти кожата без да ја суши и придонесува за зачувување на нејзината хидролипидна бариера.

Формулата со 35% хранлив комплекс, ниацинамид и пребиотичен шеќер ја негува и смирува кожата, придонесува за намалување на чувството на чешање и иритација предизвикани од сувост и го поддржува балансот на кожната микрофлора. Обезбедува до 24 часа хидратација.

Погоден за бебиња од неонатална возраст, деца и возрасни, за време на бременост и доење. Може да се користи за лице, тело и интимна регија, како и за скалп кај бебиња.

83% состојки од природно потекло. Без сапун.Без парфем. Физиолошка pH вредност. Хипоалерген. Тестиран под педијатриски, дерматолошки, офталмолошки и гинеколошки надзор. Тестиран за присуство на ендокрино-нарушувачки супстанции.

Начин на употреба : Нанесете на влажна кожа, нежно создадете пена и исплакнете. Исушете со нежно тапкање, без триење. За дополнителна нега на кожата, се препорачува комбинирана употреба со TOPIALYSE емолиент.