VITABIOTICS WELLKID MULTI-VITAMIN SIR. 150ML

935 ден

2 на залиха

Сеопфатна внимателно избалансирана формула, произведена да ги поддржи специфичните потреби на децата, со целосен опсег од 15 хранливи материи, плус швајцарски алпски слад, за да го обезбеди нутритивниот внес на вашето дете.

2 на залиха

Опис

Сеопфатна внимателно избалансирана формула, произведена да ги поддржи специфичните потреби на децата, со целосен опсег од 15 хранливи материи, плус швајцарски алпски слад, за да го обезбеди нутритивниот внес на вашето дете. Со одличен природен вкус на портокал што децата ќе го сакаат. Суспензија идеална за деца од 4 до 12 години, период кога нивните потреби од хранливи материи се особено високи. Формула со нивоа а хранливи материи внимателно оптимизирани имајќи ги предвид специфичните потреби на децата. Сеопфатната формула вклучува безбедна и урамнотежена комбинација од 15 есенцијални витамини како А,Ц и Д. Особено се препорачува обезбедување на доволен внес на Витамин Д во зимските и есенските месеци од годината.

Растот е особено брз во првите 12 години од животот на детето. Континуираниот развој на коските, мускулите, крвта и мозокот значи дека децата имаат високи потреби за хранливи материи. Задоволувањето на тие барања за исхрана може да биде предизвик, бидејќи децата може да бидат прибирливи во изборот на храна. Може да почуствувате дека вашето дете одбива да јаде одредена храна, не сака одредени вкуснови или текстури или не сака да проба нова храна. Поради тоа овој препарат може да помогне во обезбедување на нутритивниот внес на детето, како дел од урамнотежена исхрана.  Формулиран со умерено ниво на железо и е погоден за вегетарјанци.

Формулиран со јод кој придонесува за нормален раст кај децата, плус витамин Д. Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата. Исто така придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Се препорачува при:

  • Недоволно внесување на витамини и минерали преку исхраната.
  • При исхрана сиромашна со витамини и минерали во зимските месеци.
  • При недосататок на апетит, премореност и склоност кон инфекции.
  • При лекување со антибиотици.
  • При зголемени рекреативни физички активности.
  • Со одличен природен вкус на портокал.

Дозирање:

Деца 4-10 години: Една кафена лажичка на ден (5мл).

Деца 10-12 години: Две кафени лажички на ден (10мл).