Опис
Една филм-обложена таблета содржи 200мг ибупрофен.
Ибупрофен спаѓа во групата на нестероидни антинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и го намалува воспалението и отекувањето. Таблетите се употребуваат при главоболки, болки во грбот, менструална болка, забоболка, невралгија, ревматска болка, мускулна болка, мигрена, симптоми на настинка и грип, покачена телесна температура и при болка предизвикана од полесни форми на артритис.
Дозирање: 1-2 талети два пати на ден. Максимална дозволена доза е 6 таблети. Лекот не е наменет за деца под 12-годишна возраст.