Опис
CURAPROX Perio plus regenerate течност за испирање на уста содржи 0,09% хлорхексидин (CHX), Citrox® и хијалуронска киселина. Хлорхексидинот ефикасно го спречува создавањето на забните наслаги, додека Citrox® докажано го зголемува ефектот на хлорхексидинот, со пријатен вкус и не влијае врз сетилото за вкус.
Citrox® е природен екстракт од девет природни биофлавоноиди од горчлив портокал. Биофлавоноидите имаат широк и моќен антибактериски ефект. Потполно е природен и нема несакани ефекти. Citrox® во комбинација со хлорхексидин има поголема ефикасност отколку хлорхексидинот поединечно.
CURAPROX Perio plus regenerate течност за испирање на уста не содржи алкохол и не ја суши оралната слузокожа. Наменета е за краткотрајна употреба (до 4 недели).
Благодарение на хијалуронската киселина која ја забрзува регенерацијата на ткивата и нивното заздравување после интервенции во усната празнина.