Опис
Линекс Бејби пероралните капки содржат живи лиофилизирани бактерии од родот Bifidobacterium кои ја воспоставуваат и одржуваат рамнотежата на цревната микрофлора.
Бифидобактериите (пробиотски бактерии) нормално се присутни во цревата и ги нарекуваме цревна микрофлора. Цревната микрофлора на бебињата кои се хранат преку доење примарно е составена од овие бактерии и се смета дека истите се од голема важност во раното детство. Тие ја одржуваат здравата киселинско – базна рамнотежа која е потребна за нормално функционирање на ензимите за варење, го спречуваат развојот на штетните бактерии, влијаат на интестиналниот мотилитет (перисталтика) и го стимулираат развојот на имунолошкиот систем.
Здравата рамнотежа на цревната микрофлора може да биде нарушена од голем број на фактори, како што се вирусни и бактериски цревни инфекции (на пример рота вирус инфекции), лекување со антибиотици или несоодветна исхрана. Нарушувањето на рамнотежата на микрофлората се манифестира како стомачни грчеви (колики), надуеност, дијареја, запек или атопичен дерматит.
Употребата на бифидобактерии е од корист за физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора и повторното воспоставување на нејзината природна рамнотежа.
Употреба:
Линекс Бејби пероралните капки се наменети за бебиња и деца до 12 годишна возраст: препорачаната дневна доза изнесува 6 капки еднаш дневно, по можност со оброк.
Пред употреба шишенцето треба да се протресе. Држете го шишенцето под агол од 30° и капнете 6 капки во лажица или во млеко/ храна еднаш во текот на денот.
За да се избегнете уништување на бактериите, Линекс Бејби пероралните капки не треба да се мешаат со топли напитоци. Доколку Вашето дете прима антибиотици, се препорачува да му дадете од Линекс Бејби пероралните капки најрано 3 часа после земањето на антибиотикот.