Опис
100% природно, свежо и чисто, високо квалитетно рибино масло!
NBL рибиното масло е добиено од мала масна риба анчува, која живее во длабоките води на Атлантски и Тихи океан.
Анчувата има високо ниво на Омега-3 масни киселини која игра важна улога за здравјето на срцето и функцијата на мозокот. Заборавете на стравот од рибино месо контаминирано со жива бидејќи анчувите се многу мали масни риби и овие рипки се исклучително чисти. Претставуваат храна за сите останати риби во синџирот на исхрана. На кожата на овие риби нема присуство на еколошки загадувачи што не е случај со сите поголеми риби каде на нивната кожа многу лесно се таложат.
Многубројните клинички и епидемиолошки истражувања откриваат голем број на корисни ефекти на EPA и DHA по човековото здравје.
- 97% од клетките во мозокот се изградени од DHA!
- 93% е присутност во очите!
НБЛ рибиното масло е без витамини A и D, што го прави погодно за едноставно и индивидуално дозирање според потребите на вашето дете преку целата година.
NBL рибиното масло, кое според тврдењата на EFSA (Европска агенција за квалитет на храна) придонесува со:
- EPA/DHА – за нормална функција на срцето,
- EPA/DHA – за одржување на нормално ниво на триглицеридите во крвта,
- DHA – за нормална функција на мозокот,
- DHA – за одржување на нормален вид.
Дозирање: Во 10 ml NBL Fish Oil Jr содржи:
- 820 omega 3 од кои
- 390 mg EPA
- 260 mg DHA
Дозирањето е 10 ml за деца над 3 години и 5 ml за деца од 1 до 3 години, се пие по оброк.