Опис
Декспантенол 5% раствор кој се препорачува за нега на кожа и слузокожа.
Декспантенол, активен принцип на Пантенол раствор, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенската киселина во ткивата е коензимот А.
Коензим А е неопходен за метаболизмот на јагленихидрати, масти, белковини и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. Овие процеси помагаат за зачувување на правилна функција на кожата и косата.
Пантенол растворот се препорачува:
- За нега на иритирана кожа и слузокожа
- За нега на кожа после сончање
- За нега на крута и тенка коса, недоволно пигментирана коса и коса без сјај
- За нега на третирана коса со фарбање, мини вал, сушење и фенирање
- Кај “цветање” на долга или козметички третирана коса