Опис
WAYA/ Ваја капките ја содржат најистражуваната култура Lactobacillus rhamnosus GG, која се употребува за воспоставување и одржување на цревната микрофлора кај новороденчиња, доенчиња и деца. Lactobacillus rhamnosus GG е млечно киселинска бактерија која е нормално присутна во човековиот организам и се смета за најефикасен сој на пробиотски бактерии во светот. Цревната микрофлора е важна за регулирање на варењето, а со тоа и за здравјето на нашиот организам. До 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата и со тоа се потврдува фактот дека сме здрави колку што цревата се здрави. Често доаѓа до нарушена рамнотежа помеѓу лошите и добрите бактерии, односно настанува цревна дисбиоза. Нерегулираната цревна микрофлора може да биде последица на инфекции предизвикани од вируси и бактерии, неправилна исхрана, стресм употреба на различни лекови и стареење. Последица на сето тоа е лоша општа состојба на организмот, дијареа, запек, бавно варење на храната, грчеви, надуеност.
WAYA / Ваја капките се употребуваат:
- За урамнотежена цревна микрофлора при дијареа;
- Како дополнување на антибиотското лекување;
- При стомачни грчеви (колики);
- За подобрување на имунитетот;
Употреба:
- Новороденчиња, доенчиња и деца до 2 години: 7 капки еднаш дневно.
- Деца 2-6 години: 10 капки еднаш дневно.