Опис
ЛОСИОН ВО СПРЕЈ СО ВИСОКА ЗАШТИТА
Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, а особено во летниот период. Комплексната формулација на новиот производ се заснова на употреба на висококвалитетни, фотостабилни хемиски УВ-филтри, со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Лосионот содржи внимателно избрани состојки кои обезбедуваат подобра дистрибуција на заштитните филтри на површината на кожата, а со тоа овозможуваат лесна и практична апликација на производот.
Начин на употреба: нанесете обилно на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и повторно аплицирајте, особено по потење, пливање или по бришење со пешкир.