Опис
Хранлива и заштитна нега за нормална до сува кожа
Долготрајно ја смирува и храни кожата, враќајќи ја мекоста и еластичноста после првата апликација. Не дозволува испарување на вода од горните слоеви на кожата. Кремаста, немасна, нелеплива текстура. Наменето за возрасни, деца, новороденчиња. Не содржи парфеми.
Употреба: Се нанесува на сува кожа, еднаш или два пати на ден, секојдневно.