Опис
Counterpain Classic е аналгетски крем кој содржи 3 активни супстанции: метил салицилат, еугенол и ментол.
- Немасен, бел крем со мирис на ментол и метил салицилат.
- Се употребува кај возрасни и деца на возраст од над 12 години
- За ублажување на болка и состојби како што се болки во грбот, вкочанетост во половината и/или во грбот, болка во мускулите и зглобовите (вклучувајќи „грчеви“ и „воспаление на лактот“), пренапрегнатост, главоболки поради напнатост на мускулите на вратот, болки во мускулите од прекумерен замор или вежбање.
Веднаш ослободува од:
- Мускулни болки
- Артралгија
- Вкочанетост на половината и грбот
Поради содржината на метил салицилат, кремот Counterpain предизвикува ефект на затоплување по нанесувањето на кожа.
Пакување: 100 гр.
Може да се нанесува 2-3 пати дневно втривајќи го во кожата додека целосно се абсорбира.






