Опис
Еден грам гел содржи 50мг ибупрофен.
Ибупрофен спаѓа во групата на нестероидни антинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и го намалува воспалението и отекувањето. Гелот се употребува како локалкна сумптоматска терапија за ублажување ревматски и мускулни болки, болки во грбот, болки и отекувања предизвикани од исчешувања, истегнувања и од спортски повреди, болки при невралгија и болки при благи до умерени артритични состојби.
Истиснете од гелот и лесно втријте го на заболеното место. Гелот не смее да се применува во интервал пократок од 4 часа, ниту повеќе од 4 пати на ден. Лекот не се употребува кај деца под 12-годишна возраст.