FLONIVIN PLUS CAPS. X 10

300 ден

200 на залиха

Производ за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем.

200 на залиха

Шифра: 1427710 Категории: , Ознака:

Опис

Една Флонивин капсула содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк. Пробиотиците може да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора. Цревата се населени од околу 100 трилиони на пријателски бактерии, при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам.

Основни особини на пробиотичките соеви за хумана употреба:

  • Поседуваат антимикробно дејство
  • Отпорни се на киселата средина во желудникот и на жолчните соли
  • Се придржуваат на површината на цревната слузокожа
  • Безбедни се по здравјето

Флонивин плус капсулите се комбинација на две пробиотски култури Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum. Соевите се отпорни на киселата средина во желудникот и на жолчните соли. Saccharomyces boulardii поседува природна резистенција на антибиотици. Спречуваат раст на штетните бактерии како што се Staphylococcus aureus, Escherichia Coli и Clostridium difficile.

Се препорачуваат:

  • За нормализација на цревната микрофлора после употреба на антибиотици
  • За подобрување на имунитетот на целиот организам
  • Кај акутни дијареи
  • Кај упорен затвор (запек)