Опис
Се препорачува како помошно средство за одржување и поддржување на резултатот кој го постигнал стоматологот, спроведувајки стандардна терапија кај пациенти со изразени знаци на воспаление на непцата, настанати заради гингивит, парадонтопатија, наслаги на забен каменец и други причини.
Погоден е и за примена после други стоматолошки интервенции, затоа го поддржува здравјето на непцата – забното месо. Гингивал гел има секундарно превентивно дејство.
Пред секое нанесување, забите треба добро да се измијат со четка и паста за заби. Потоа нанесете од гелот со кружни движења на непцата. Гелот се нанесува на надворешната и внатрешната страна, лесно масирајќи. Се користи 2-3 пати дневно, најкратко 7 дена.
Гелот содржи: течен екстракт од камилица, тинктура од ротун, етерично масло од питомо нане.