LINEX FORTE CAPS. X 14

330 ден

10 на залиха

Тврди капсули против пролив и надуеност. 

10 на залиха

Шифра: 990739 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

Линекс Форте е пробиотик што значи дека содржи микроорганизми кои во соодветни количини се корисни за здравјето. Линекс Форте содржи два вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии (Lactobacillus acidophilus, CHR.HANSEN LA-5TM и Bifidobacterium animalis subsp. Lactis, CHR.HANSEN BB-12TM во однос 1:1), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора.

Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.

Бактериите во Линекс Форте капсулите се лиофилизирани (т.е исушени на ниска температура). Поради тоа, чувањето на собна температура е можно без промена на формата и активноста на бактериите.

Линекс Форте капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Употребата на пробиотици или млечно-киселински бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив), кои настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

Употреба:

  • Линекс Форте капсулите се наменети само за перорална употреба (преку уста).
  • Земете ги Линекс Форте капсулите со оброци со цел да обезбедите максимално дејство на лекот.
  • Не смеете да ги зематe Линекс Форте капсулите истовремено со алкохол или жестоки пијалоци.
  • Кај деца кои не можат или не знаат да ги голтаат капсулите, капсулата треба да се отвори, содржината да се испразни во лажица и да се измеша со некоја течност.
  • Линекс форте капсулите да се земат најмалку 3 часа после употреба на антибиотиците.

Новороденчиња и деца до 2 години: една капсула еднаш на ден.

Деца од 2 до 12 години: една капсула еднаш до два пати на ден (на пр. наутро и навечер, во зависност од сериозноста на симптомите).

Возрасни и деца над 12 години: една капсула еднаш до три пати на ден (на пр. наутро, напладне и навечер, во зависност од сериозноста на симптомите).