Опис
Органско масло за превенција од појава на стрии – 100% органско масло за превенција од појава на стрии чии активни состојки се од природно потекло. Неговото дејство е тројно и со клинички докажана ефикасност: пружа долготрајна хидратација, ја подобрува еластичноста на кожата и го смирува пецкањето. Заради богатата текстура која лесно се топи идеално е за масажа. По нанесувањето кожата е нежна и мека.
Состав: Екстракт од масло од маракуја ја зајакнува еластичноста на кожата и ја прави мека и нежна. Масло од органски одгледано Avocado Perseose® кое содржи висока концентрација есенцијални масни киселини кои помагаат во обновувањето и одржувањето на хидролипидниот филм кој е ослабен во тек на бременоста. Органско сончогледово масло за хидратација и нега на кожата.
Начин на употреба:Се нанесува наутро и навечер уште од првиот месец од бременоста (на стомакот, бутините, задникот и градите), како и во тек на периодот на доење (без да се нанесува на градите), да не се нанесува на ожилакот од царски рез.