PANTENOL KREM 30G GALENIKA

Original price was: 190 ден.Current price is: 152 ден.

Истекува за:
ден.
час.
мин.
сек.

1 на залиха

Декспантенол крем 5%

1 на залиха

Шифра: 49255 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

Декспантенол крем 5%

Декспантенол кој е активна состојка на кремот Пантенол, во организмот се трансформира во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенска киселина во ткивата е коензимот А.

Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилна функција, а кај оштетена или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.

Пантенол кремот воспоставува природна влажност, мекост и еластичност на кожата.

Се применува за подобрување на епитeлизација и нега на кожата кај:

  • Повреди предизвикани од гребнатини и благи изгореници
  • Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
  • Иритација и јадеж, црвенило, пецкање и болка кај алергиски промени на кожата
  • Нега и регенерација на суви, испукани усни и сува и огрубена кожа на рацете
  • Нега и спречување на пукање на брадавици на дојки кај доилки
  • Помеѓу третман со лековити масти
  • Нега и регенерација на кожата оштетена поради нарушување на периферна циркулација на крвта
  • Нега и регенерација на кожата по бричење и депилација