Опис
Декспантенол крем 5%
Декспантенол кој е активна состојка на кремот Пантенол, во организмот се трансформира во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенска киселина во ткивата е коензимот А.
Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилна функција, а кај оштетена или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.
Пантенол кремот воспоставува природна влажност, мекост и еластичност на кожата.
Се применува за подобрување на епитeлизација и нега на кожата кај:
- Повреди предизвикани од гребнатини и благи изгореници
- Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
- Иритација и јадеж, црвенило, пецкање и болка кај алергиски промени на кожата
- Нега и регенерација на суви, испукани усни и сува и огрубена кожа на рацете
- Нега и спречување на пукање на брадавици на дојки кај доилки
- Помеѓу третман со лековити масти
- Нега и регенерација на кожата оштетена поради нарушување на периферна циркулација на крвта
- Нега и регенерација на кожата по бричење и депилација