Опис
Black Up Mасло за сончање СПФ 6
Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки, како на пример каротенското масло, ѝ ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.
Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, со витамини А и Е и со провитамин А.
Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.