DOPPEL HERZ CALCIUM+D3+K X 30

585 ден

Капсули кои  содржат калциум, витамин Д3 и витамин К

Опис

Капсули кои  содржат калциум, витамин Д3 и витамин К

Калциумот е најзастапен минерал во човечкото тело: тој претставува 1 до 2% од нашата телесна тежина (од 1 до 1,5 кг) што се наоѓа во 99% во коските и забите. Покрај неговата очигледна функција во структурата и робусноста на овие ткива, калциумот е исто така вклучен во мускулната контракција, активноста на невроните и коагулацијата на крвта.

Колку и да е силно и цврсто, коскеното ткиво не е фиксна но е динамична структура: старото коскеното ткиво постојано се заменува со ново. Ова се постигнува преку активна деградација на коските, ослободување на Калциумот во циркулацијата на крвта и реапсорпција во новоформираната коскена матрица.

Неколку фактори можат негативно да влијаат на циркулирачкото ниво на калциум: неурамнотежена диета, возраст, лактација, менопауза, употреба на глукокортикоиди, како и на лаксативи. Мал дел од калциум исто така природно се излачува преку урината. За да се компензира намалувањето на нивото на калциум во крвта, коската се распаѓа и ослободува калциум. Ова е причината зошто постојаното снабдување со калциум преку начинот на исхрана е корисно.

Калциумот, витаминот Д3 и витаминот К присутни во таблетите на Doppelherz се идеална комбинација за да се достигнат препорачаните дневни дози на калциум и да се обезбеди оптимална интеграција на калциумот во коските.