LINEX CAPS. X 16

295 ден

85 на залиха

Тврди капсули против пролив и надуеност.

85 на залиха

Шифра: 38644 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

Линекс е пробиотик кој содржи млечно-киселински бактерии кои во соодветна количина го подобруваат здравјето. Линекс содржи три вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии кои ја регулираат физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора и се отпорни на одредени антибиотици и хемотерапевтици.

  • Lactobacillus acidophilus (sp. L. gasseri);
  • Bifidobacterium infantis;
  • Enterococcus faecium.

Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Кога нема доволен број на млечно-киселински бактерии се нарушува рамнотежата на нормалната цревна бактериска флора, што резултира со различни дигестивни пореметувања.

Линекс капсулите содржат лиофилизирани (исушени на ниска температура) млечно-киселински бактерии. Ова овозможува чување на лекот на собна температура без промена на формата или активноста на бактериите.

Линекс капсулите се употребуваат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Употребата на млечно-киселинските бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив), кои настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

Употреба:

  • Линекс треба да се земе перорално (преку уста).
  • Линекс треба да го земате за време на јадење за да ги избегнете штетните ефекти на желудочниот сок врз млечно-киселинските бактерии.
  • Не треба да го земате Линекс истовремено со алкохол или топли напитоци.
  • Доколку го давате Линекс на дете кое не може или не знае како да ја голтне капсулата, отворете ја капсулата, испразнете ја содржината на капсулата во една лажица и помешајте ја со малку течност.
  • Линекс капсулите најмалку 3 часа после земање на антибиотици

Новороденчиња и деца до 2 години: една капсула три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).

Деца на возраст од 2 до 12 години: една до две капсули три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).

Возрасни и деца над 12 години: две капсули три пати на ден (на пример наутро, напладне и навечер).