Опис
Декспантенол 5% за нега на кожата.
Пантенол маската за лице за нега на кожа е наменета за сите типови кожа. Се препорачува за нега на кожа изложена на надворешни влијанија, која има потреба од длабинско чистење, регенерација и освежување. Придонесува за отстранување на нечистотиите и стеснување на порите.
Маската за нега на лице, врат и деколте со пантенол содржи каолин, пантенол, активен јаглен и витамин Е. Интензивно ја прочистува и храни кожата, правејќи ја мека и мазна, без сушење.
Декспантенолот се трансформира во кожата во активна форма на витамин Б5, пантотенска киселина, која е позната по своите навлажнувачки и смирувачки својства, па придонесува за зачувување на природната влажност, мекост и еластичност на кожата.
Каолинот е бела глина која има улога во негата на кожата и може да помогне во смирување на иритираната кожа.
Активниот јаглен може да апросбира до 1000 пати повеќе штетни материи од сопствената тежина. Токму затоа делува како магнет, ги врзува нечистотиите од околината и има улога на ефективно средство за чистење. Темелно и длабоко ги чисти порите од сите нечистотии, ги стеснува порите и постигнува ефект на видно почист тен.
Витаминот е има изразено антиоксидативно и хранливо дејство. Поради своите својства да се раствора во масло, помага да се спречи губење на влагата и дехидратацијата, давајќи и го тонот на кожата што и недостасува.
Начин на употреба: Нанесете 3 пати неделно на чиста и сува кожа на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Избегнувајте го пределот околу очите. Во случај на контакт со очи веднаш исплакнете.