VITABIOTICS FEROGLOBIN B12 SIR. 200ML

816 ден

Нема на залиха

Течна формула на железо, витамини и минерали, погодна за лица кои имаат проблем со готање на таблети и капсули, која е наменета за деца на возраст од 1 година па нагоре.

Нема на залиха

Опис

Витамините и минералите се хемиски супстанци кои се витални за одржување на нормалните телесни функции. Повеќето од луѓето обезбедуваат доволни количини од овие супстанци преку исхраната, но извесен број страдаат од нивен недостаток. Препаратите кои содржат витамини и минерали се корисни за луѓето во специјални состојби како старите лица, луѓето кои консумираат алкохол во поголеми количини, пушачите итн.

Уникатна формула богата со железо, цинк, витамин Б-комплекс и минерали од мешавина од слад, мед и природни овошни екстракти. Железото од суспензијата е есенцијално за природно производство на хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни клетки. Тој го пренесува кислородот од срцето, мозокот, другите органи и мускулите за да може да се ослободи енергијата. Железото може да игра улога и во одржувањето на отпорноста кон инфекции и одржувањето на интелектуалните способности. Хранливите состојќи помагаат во обновувањето на крвта и се посебно корисни за:

  • Децата во раст и развој, за подобрување на нивниот апетит.
  • Лицата над педесеттата година.
  • Спортистите.
  • Жени за време на бременост или за време на менструалниот циклус.

Дозирање:

Деца 3-6 години: Половина кафена лажичка два пати на ден.

Деца 7-12 години: Една кафена лажичка два пати на ден.

Возрасни: Една кафена лажичка два пати на ден.