DIASTOP PROBIO DIRECT KESI X 10

320 ден

180 на залиха

ДИАСТОП Директ е пробиотски производ којшто содржи комбинација од две млечнокиселински бактерии и витамин Д3.

180 на залиха

Шифра: 1427097 Категории: , Ознаки: , ,

Опис

ДИАСТОП Директ е пробиотски производ којшто содржи комбинација од две млечнокиселински бактерии и витамин Д3:

  • Lactobacillus rhamnosus GG (BIFOLACтм),
  • Bifidobacterium animalis, SSP lactis (BL – 04)

Млечнокиселинските бактерии се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и на функцијата на цревната микрофлора и придонесуваат за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата. Витаминот Д3 дополнително помага во воспоставувањето и во одржувањето на природниот баланс во цревата, овозможувајќи нормална функција на гастроинтестиналниот систем. Комбинацијата на млечнокиселински бактерии и витамин Д3 овозможува и регулација на општиот имунолошки одговор, како и модулација на локалниот имунолошки одговор.

ДИАСТОП Директ се користи за превенција и за дополнително лекување дијареjа, надуеност и други стомачни нарушувања кои што настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора. Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции кај деца и кај возрасни (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување, како и при инфекција предизвикана од Helicobacter pylori);
  • лекување со антибиотици со широк спектар и со хемотерапевтици.

Употребата на млечнокиселински бактерии во комбинација со витамин Д3 ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благи до умерени дигестивни симптоми (главно дијареја) коишто настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

  • Возрасни: 1 – 2 ќесички дневно.
  • Деца над три години: 1 ќесичка дневно.

ДИАСТОП Директ е наменет за перорална употреба (преку уста). Содржината од ќесичката е наменета за директна употреба, не се препорачува мешање со вода или со друга течност.